Претседателот на француската Влада, Жан Кастекс, итно ќе биде тестиран за Ковид-19, откако се утврди дека бил во контакт со директорот на трката Тур де Франс, Кристијан Прудом, кој е позитивен на вирусот, јави дописникот на МИА.
Премиерот во саботата седеше во автомобилот на директорот на трката Тур де Франс за да ја следи 8 етапа на Пиринеите. И двајцата носеа маска и ги почитуваа правилата за дистанца – соопштија од неговиот Кабинет, дополнувајќи дека тој веднаш ќе биде тестиран.
Премиерот е меѓу „случаите на контакт“ на директорот на трката.
Прашан за можноста шефот на владата да биде заразен, францускиот претседател Емануел Макрон не исклучи веројатност да се одложи владиниот семинар закажан за в среда, или тој да се одржи „преку видео врска со премиерот и можните други случаи на контакт”.
Ние го правиме за нас она што ги замолуваме сите сограѓани да го сторат, доколку бидат идентификувани како контакт случај – истакна Макрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.