Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека еврото „е под закана како никогаш порано”, поради ризикот од економска криза поврзана со трговските војни и европските политичари кои сакаат да се стави крај на единствената валута.
Има и такви кои, како мене, веруваат дека еврото сега е под закана каква што немало досега, изјави Ле Мер“, тој додаде дека постои ризик за „враќање на финансиската криза”.
Според него, заканата постои не само поради трговската војна меѓу Кина и САД, туку и поради појавата на десничарски лидери во Европа кои би биле среќни да го видат крајот на Унијата.
Нашата единствена валута сега е под политичка закана, бидејќи многу европски лидери не ја кријат желбата да видат како еврото исчезнува“, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер за новинарите во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.