Додека францускиот претседател Емануел Макрон бил во посета на француските воени сили во Чад имало мал инцидент, кога еден од војниците се онесвестил.

Макрон прво одржал говор, а потоа присутните почнале да ја пејат француската химна.  Во тој момент на еден од војниците на бината му се слошило, па паднал во несвест.

Колегите веднаш се стрчале да му помогнат, а меѓу нив бил и самиот Макрон, кој на почетокот делувал збунето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.