Француската влада денеска упати повик до „жолтите елеци“ да не протестираат овој викенд, по смртоносниот напад на божиќниот саем во Стразбур.
Нема да ги забраниме протестите в сабота – рекол портпаролот на Владата, Бенјамин Гриво.
Наместо тоа, Гриво ги повикал „жолтите елеци“ да не протестираат, со напомена сами да одлучат за тоа, нагласувајќи при тоа дека на луѓето им е попаметно да се грижат за своите компании пред крајот на годината.
Забраната не би била разумна одлука – додал Гриво, бидејќи нема да ги спречи луѓето да уништуваат и крадат.
„Жолтите елеци“ одржаа протести и блокираа улици во делови на Франција, протестирајќи против зголемувањето на цената на горивата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.