Претседателскиот кандидат на крајната десница, Ерик Земур, беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Франција, пренесуваат француските медиуми.
Додека 63-годишникот се движел низ толпата кон бината, маж за момент го фатил за вратот пред да интервенираат полицајците од обезбедувањето.
Локалните медиуми јавуваат дека на Земур му бил повреден зглобот и дека лекарите му препишале девет дена одмор.
Поранешниот новинар е познат по своите контроверзни ставови за мигрантите и за Втората светска војна.
По неколку недели шпекулации, Земур минатата недела ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2022 година.
Инцидентот, во кој беше нападнат Земур, е еден од неколкуте насилни судири за време на настанот одржан во неделата вечерта во конгресниот центар североисточно од Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.