Француските власти се подготвуваат за можни големи насилства в сабота за кога се најавени нови протести во Париз и во други градови во рамките на движењето „Жолти елеци“ од каде што засега не реагираат на повиците за смирување.
Имаме причини да стравуваме од големи насилства, предупредија синоќа од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Движењето „Жолти елеци“ кое почна да протестира пред три недели ги поздрави првите отстапки на владата, меѓу кои и намалување на даноците за бензините, но некои од лидерите реагираа дека веќе е прекасно за смирување на гневот на народот кој веќе има нови барања, меѓу кои и зголемување на минималниот личен доход. Во текот на изминатиот викенд беа забележани најголемите нереди во Франција по повеќе децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.