Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден. Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица. Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден.

Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000. Досега се излекуваа 19.337 пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.