Франција донесе одлука реципрочно да возврати на 14-дневниот карантин, воведен од Велика Британија за патниците од Франција, така што сите патници од островот ќе бидат обврзани да поминат две недели во карантин, изјави денеска државниот секретар за европски прашања во француската влада Клеман Бон во интервју за француската државна телевизија.
За овие мерки во наредните неколку дена ќе одлучуваат францускиот премиер и Националниот совет за одбрана – рече Бон.
Многумина сметаат дека новите мерки на британската Влада, кои се однесуваат на голем број Британци кои летните одмори ги поминуваат во европските земји, се непотребни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.