Франција ќе и продаде на Чешка 52 артилериски топови „Цезар“, во договор вреден 257 милиони евра, соопшти денеска официјален претставник на француското Министерство за вооружени сили.
Поголемиот дел од оружјето ќе се склопи во Чешка.
Овој договор за топовите следи по период на приближување со Чешка, што е одбележан со стратешко ниво, но и визија што е поблиску до тоа каква треба да биде европската одбранбена политика и какви резултати треба да ни донесе – изјави официјалниот претставник пред новинарите пред утрешната посета на министерката за одбрана Флоренс Парли на Прага за потпишување на договорот.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Европа мора да престане да биде наивна кога станува збор за одбраната на своите интереси и мора да ги изгради сопствените воени капацитети, откако го склучи договорот за продажба на француски фрегати за Грција во вредност од три милијарди евра и потпишувањето на договорот за соработка.
Претходно овој месец, Франција беше во фокусот на спорот со САД, Австралија и Обединетото Кралство околу трилатералниот договор за нуклеарна безбедност, што доведе до раскинување на десетици милијарди долари тешкиот договор со Канбера за испорака на десетици подморници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.