Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека амбициозниот план за економско опоравување на земјата вреден 100 милијарди евра ќе создаде 160 илјади нови работни меставеќе до следната година.

Француската влада претходно денеска ја објави нејзината детална програма со која, меѓу останатото, се планираат милјарди евра за јавни инвестиции, субвенции, како и намалување на данокот.

Планот предвидува 35 милјарди евра за зајакнување на конкурентноста на втората најголема економија во еврозоната, потоа 30 милјарди за производство на еколошки прифатлива енергија и 25 милјарди за поддршка на вработувања.

Официјално пакетот мерки треба да биде презентиран денеска.

Владата на претседателот Емануел Макрон смета дека со овој план до 2022 година ќе ја врати економијата на ниво пред кризата, откако оваа година ќе го претрпи, како што велат од Министерството за финансии, најлошата поствоенарецесија со пад за кој се проценува дека изнесува 11 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.