Граѓаните на Франција кои не се вакцинирани, речиси и да ја изгубија можноста за бесплатни или евтини ПЦР и/или антигенски тестови за ковид-19. Француските власти одредија минимална цена од 44 евра за ПЦР тест и 22 евра за брз антигенски тест во здравствените установи, за секое лице кое се тестира, а нема примено вакцина. Исклучок се само оние кои имаат потврда дека не е препорачливо во моментов да се вакцинираат или кои треба да ја одложат вакцинацијата поради одредени здравствени причини.

Почнувајќи од денеска, државните тестирања се достапни само за вакцинираните граѓани или доколку се потребни за медицинска интервенција, но и за загрозените групи.

Со ова, Министерството за здравство во Франција смеа дека ќе ги мотивира граѓаните да дадат повисок одзив на повиците за масовна вакцинација, со цел да се спречи брзото ширење на заразата со коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.