Францускиот министер за европски прашања, Клемен Бон, предупреди дека Велика Британија мора да се придржува на секој договор околу Брегзит, зашто во спротивно, официјален Париз може да стави вето.
Франција може да го искористи правото на вето за да го блокира договорот со Велика Британија по Брегзит, доколку не ги исполни барањата на Париз, особено во врска со риболовот – изјави Бон.
Францускиот министер додаде дека доколку биде постигнат договор што не е добар, Французите ќе се спротивстават.
Секоја држава има право на вето на сè што ќе се појави од последните преговори за Брегзит, кои се водат во Лондон – истакна Бон за радио „Европа 1“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.