Франција следните месеци ќе прими 400 мигранти, кои поднеле барање за азил во Грција, изјави францускиот амбасадор во Атина, пренесе АНА.

Сакаме да ѝ помогнеме на Грција, која се соочува со зголемен прилив на мигранти во последните месеци – изјави амбасадорот Патрик Мезонав.

Грција изминатава година повторно стана прва земја во ЕУ, во која доаѓаат мигранти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.