Франција ја откажа нарачката за антивирусниот лек против корона вирусот од компанијата „Мерк“, по разочарувачките податоци за неговата ефикасност.
Државата се надева дека наместо тоа ќе го добие конкурентниот лек на „Фајзер“ пред крајот на јануари – изјави министерот за здравство Оливие Веран.
Франција беше првата земја што јавно објави дека ја откажала порачката за лекот на „Мерк“, откако компанијата објави податоци кон крајот на ноември, кои покажуваат дека нејзиниот лек ги намалил хоспитализирањата и смртните случаи кај лица со висок ризик за само околу 30 проценти.
Портпаролот на фармацевтскиот производител изјави дека планираното купување не се случило откако, на почетокот на овој месец, француските здравствени власти одбиле да ја дозволат употребата на таблетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.