Американската софтверска компанија „Клиервју“ (Clearview) ги прекршила прописите на ЕУ за приватност со колекцијата на фотографии на француски граѓани што ги собрала на интернет и мора да ја прекине практиката на собирање биометриски податоци, предупреди францускиот регулатор ЦНИЛ.
Американската софтверска компанија разви технологија за препознавање лица и има колекција од повеќе од 10 милијарди фотографии од целиот свет кои полицијата и разузнавачките агенции ги користат како пребарувач за нивните истраги.
Колекцијата на „Клиаервју“ од јавно достапни фотографии од лицата на граѓаните на социјалните мрежи и на интернет нема правна основа и ги прекршува прописите за приватност на податоците на ЕУ – предупреди ЦНИЛ во официјалното барање до компанијата да престане да собира податоци за Французите.
Францускиот регулатор нагласува дека „Клиервју“ не побарала согласност од граѓаните пред да почне да ги собира нивните фотографии на интернет.
Тие биометриски податоци се особено чувствителни, првенствено затоа што се поврзани со нашиот физички идентитет, со тоа кои сме ние и овозможуваат наша единствена идентификација – се вели во соопштението на ЦНИЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.