Во Франција, од коронавирусот починале 1.438 луѓе во еден ден, зголемувајќи го бројот на смртни случаи на 17.167. Ова е досега најголемиот број на смртни случаи за еден ден во земјата, од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа, во француските болници 514 лица починале од компликации поврзани со Ковид-19, додека 924 починале во други институции, како што се старечки домови, пренесува „Ле Паризиен“.

И во Шведска денеска е регистриран најцрниот ден во однос на жртви од коронавирусот. Таму, во последните 24 часа се пријавени уште 170 смртни случаи, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Во Шведска досега како последица на Ковид-19 починаа 1.203 лица, а заразени се речиси 12.000.

Француското здравство предупредува дека најновите бројки треба да бидат земени со претпазливост, бидејќи дел од бројот на починати се соопштени подоцна поради продолжениот велигденски викенд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.