Франција и Шпанија потпишаа конвенција за двојно државјанство, се наведува во завршната изјава на 26-тиот Француско-шпански самит, што се одржа во Монтобан под раководство на францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Дваесет и шестиот Француско-шпански самит им овозможи на двете земји да потпишат конвенција за државјанство, што е важна фаза во нашата заедничка историја. Оваа конвенција им овозможува на граѓаните од секоја земја да добијат државјанство во другата земја и им го прави животот на илјадници наши сограѓаните многу полесен“, се вели во документот.

Макрон на Твитер потсети дека 190.000 Шпанци живеат на француска територија и 150.000 Французи живеат во Шпанија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.