Граѓаните на Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија кои сакаат да влезат во Франција ќе мора да имат негативен тест за Ковид-19 не постар од 24 часа.

Во соопштението на премиерот Жан Кастекс се вели дека мерката, која се однесува на невакцинирани патници, ќе стапи на сила на полноќ.

Тунис, Мозамбик, Куба и Индонезија се исто така на „црвената листа“.

Досега, Британците мораа да имаат тест не постар од 48 часа, додека за Шпанците, Португалците, Кипарците, Грците и Холанѓаните, тој период беше 72 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.