Франција денес ќе испрати нова Статуа на слободата во САД, 135 години откако беше испратена првата иконска статуа во Њујорк во 1886 година во чест на првиот Ден од американската независност.

Новата статуа е во чест на сите што го овозможија поставување на првата Статуа на слободата и се бореа за она што таа го претставува низ целиот свет и претставува историска врска меѓу Франција и Америка.

Според француските медиуми, статуата ќе биде многу помала од нејзината постара „сестра“, достигнувајќи 2,83 метри висина и ќе патува за САД со брод под знаме на Франција во посебен контејнер со сензори.

Статуата ќе пристигне во Њујорк на 4 јули, на Денот на американската независност и потоа ќе биде поставена на островот Елис, од каде ќе може да се види оригиналната статуа на островот Либерти.

Потоа ќе биде сместена во градината на резиденцијата на францускиот амбасадор во Вашингтон, каде ќе остане десет години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.