Најголемиот американски производител на моторни возила „Форд Моторс“ разгледува опции да го запре производството на возила во осум свои фабрики во Cеверна Америка во различни периоди во јуни поради постојан недостиг на полупроводнички материјали.
Очекувањата се дека евентуална таква одлука ќе го преполови производството на компанијата во вториот квартал од 2021 година. Во втората половина на годината, компанијата очекува да изгуби 10 отсто од своето производство.
Во текот на 2021 година, недостатокот на чипови ќе го спречи „Форд“ да произведува речиси милион автомобили.
Затворањето се очекува да го чини производителот на автомобили околу 2,5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.