Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на 10 септември ќе го претстави новиот состав на Европската комисија.

Откако новата италијанска Влада денеска официјално го номинираше Паоло Џентилони за иден еврокомесар, Фон дер Лејен го комплетираше списокот од 27 комесари, кои во следните пет години ќе бидат дел од нејзиниот тим.

Новата шефица на Европската комисија сега треба да им распредели области за кои ќе бидат задолжени во рамки на европската политика.

Задоволна сум што ги добив имињата од сите земји членки на ЕУ. Се надевам дека ќе составам добро избалансиран тим, кој ќе го претставам во вторник, најави претседателката на Еврокомисијата.

По претставувањето, за номинациите ќе се расправа и во Европарламентот, по што официјално ќе бидат именувани на 1 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.