Урсула фон дер Лејен, која челниците на 28-те земји-членки на Европската унија ја предложија за претседател на Европската комисија, од денеска престојува во Стразбур за да обезбеди поддршка од пратениците во Европскиот парламент, од кои многумина се незадоволни од исходот на мачните преговори од самитот на челниците во Брисел.

Именувањето на германската министерка за одбрана за претседателка на Европската комисија ќе биде ставено на гласање на следната пленарна седница на ЕП кон средината на јули.

Фон дер Лејен денеска ги започна разговорите со водечките парламентарни групи во ЕП, со најбројната групација на Европската народна партија (ЕПП), на која припаѓа и нејзинада Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Одлучив дека мојата прва станица ќе биде тука во Стразбур за да се сретнам со Европскиот парламент, бидејќи тука бие срцетот на европската демократија, изјави фон дер Лејен за новинарите во Европскиот парламент.

На средбата со парламентарците од десниот центар, кандидатката за претседателка на ЕК кусо се претставила и одговорила на неколку општи прашања, соопштија од ЕРР.

Фон дер Лејен во текот на пленарната седница на парламентот во Стразбур треба да се состане со новозибраниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли, и со другите политички групации чијашто поддршка ѝ е потребна за избори.

Меѓутоа, многу европарламентарци не го кријат разочарувањето од конечниот исход од самитот на Европскиот совет кој ја исфрли фон дер Лејен како кандидатка за прв човек на ЕК, зашто со тоа според нив се урива концептот на „шпиценкандидат“ кој требаше да ги демократизира изборните процеси во Европската унија. Меѓу нив е и кандидатот на ЕПП, Манфред Вебер, кој во вторникот го изрази своето разочарување од непочитување на идејата за водечки кандидат за местото претседател на ЕК, како и многу негови сопартијци во Европскиот парламент, кои истакнуваат дека сепак прифаќањето на компромисот е во интерс на функционирањето на ЕУ.

Во текот на вечерата фон дер Лејен треба да учестуваа на редовниот состанок на пратеничката група на социјалистите и демократите (С&Д), од каде велат дека не може да се процени дали таа ќе ја добие поддршката на оваа групација бидејќи таа „стана кандидатка на начин кој го понижи прицесот на избор на шеф на Комисијата“.

Челничката на Зелените во Еропскиот парламент и една од кандидаткитеза претседател на парламентот, Ска Келер, изјави во врска со договорениот пакет именувања на петте челни позиции во ЕУ, дека тоа претставува „гротескна манипулација“, како и дека не задоволува никој освен партиите во нивните „игри на моќта“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.