Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека една година по почетокто на кампањите за вакцинација во Европа, повеќе од 78 отсто од возрасните луѓе во Европската Унија се вакцинирани против корона вирус.
Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против Ковид-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани – истакна шефицата на ЕК во видео обраќање.
Според неа, вакцинацијата, вклучително и бустар дозата на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата.
Зголемената брзина на ширење на корона вирусот, особено на варијантата Омикрон, ја прави вакцинацијата уште поважна … Имаме доволно дози за да може секој да се вакцинира и да добие дополнителна доза на вакцина – порача Фон дер Лејен.
Ви ЕУ досега се одобрени четири вакцини против Ковид-19, „Фајзер/Бионтек, „Модерна“, „АстраЗенек“ и „Џонсон и Џонсон“.
На вонреден состанок на 20 декември, Европската агенција за лекови ја одобри и американската вакцина против корона вирусот Новавакс за вонредна употреба во ЕУ. Испораките на вакцините од оваа комнпанија ќе почнат на почетокот на 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.