Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за прв пат ги призна пропустите на Европската унија во набавка на вакцините против коронавирусот.

ЕУ ги потцени компликациите кои можат да настанат за време на производство на вакцините, рекла таа во интервју за утрешното издание на германскиот „Зидојче цајтунг“.

Фон дер Лајен на критиките дека ЕУ била премногу неодлучна во набавка на вакцините, Фон дер Лајен рекла дека „една земја може да биде глисер, а ЕУ е еден вид на теретен брод“.

Премногу се фокусиравме на прашањето дали ќе има вакцини, тоест на нејзиниот развој, истакнала таа.

Според нејзините зборови, требало паралелно да се размислува и за предизвиците на масовното производство.

Треба да им објасниме на луѓето дека се напредува, но бавно, и дека во таа целосно нова постапка може да дојде и до проблеми и доцнење. Меѓутоа, ние потценивме какви компликации можат да се појават, објаснила таа.

Фон дер Лајен истакнала дека владите на сите 27 држави членки биле тесно вклучени во преговорите со фармацевтските компании.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.