Европската унија собира милијарди евра со идеја да овозможи вакцинација против коронавирусот еден ден да биде на располагање на сите, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека е потребен план.

Во понеделник, Европската унија и партнерите ќе се обидат да соберат 7,5 милијарди евра на донаторска конференција за развој на вакцини и терапија против коронавирусот.

Таа додаде дека започнало заеднички анализи за вакцината, но сега мора да се градат капацитети за да се произведе кога ќе биде развиена.

– Ни требаат многу дози, а тогаш мора да се осигураме дека ќе стигнат до секој агол на светот по фер и прифатлива цена, додаде германската политичарка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.