Според најновите студии за време на кои се истражуваше бизнисот на околу 900 компании, германскиот Фолксваген е најголем задолжен.
Според најновите истражувања, германската компанија Фолксваген должи околу 192 милијарди долари, што е повеќе од многу земји, како Унгарија (101,9 милијарди) или Јужна Африка (180 милијарди) како што е наведено во текстот.
Се разбира, не е само Фолксваген на врвот на германските компании, исто така има и Дајмлер што некаде должи околу 151 милијарди долари, има и близу Toyota со 138 милијарди долгови, Форд должи околу 122 милијарди долари и БМВ 114 милијарди долари.
Меѓу десетте најзадолжени компании во светот, дури пет се од светот на автомобилската индустрија, и еве како изгледа списокот:
Фолксваген – 192 милијарди
АТ & Т – 176 милијарди
Дајмлер – 151 милијарди
Тојота – 138 милијарди
Софтбанк Груп – 135 милијарди
Веризон – 129 милијарди
Форд – 122 милијарди
БМВ – 114 милијарди
Корпорација Комарк – 104 милијарди
Анхусер-Буш – 96 милијарди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.