Кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп ги оспорува резултатите од неодамна одржаните претседателски избори, наведувајќи измами и неправилности, вклучително и гласање во име на починати лица.
таквите тврдења ги поткрепи водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, кој откри обемна листа на починати Американци кои „гласале“ на денот на изборите. Карлсон покажа списоци на граѓани кои се починати, но кои некако успеале да гласаат на изборите.
Како што кажа Карлосн,тие веројатно гласале за Бајден“, но додаде дека не може навистина да се знае за кого се отидени тие гласови.
Демократите целосно го сменија начинот на кој гласавме на овие избори. Нашиот систем никогаш не бил толку неорганизиран и никогаш не бил поранлив на манипулација – изјави Карлсон.
Водителот ги критикуваше мејнстрим медиумите за целосно посветување на Џо Бајден и за необјавувањето за можноста за измама на изборите, тврдејќи дека тоа го прават намерно.
Карлсон тврди дека наводната изборна измама е олеснета преку гласањето по пошта.
Мртвите луѓе имаат тенденција да гласаат почесто кога им олеснувате да гласаат – иронично изјави водиделот.
Изговорот беше Ковид. Се велеше „Треба да го сториме ова од јавни здравствени причини“. „Немаме друг избор!“, „Тоа е итен случај за јавно здравје“, но ефектот беше да се поттикне измама – обвини Карлсон.
Тој ја посочи Невада како пример каде гласачките ливчиња биле испраќани до секој регистриран гласач во државата, без оглед дали тие побарале ливчиња или не и каде што повеќе од 40.000 регистрации не се ажурирани 10 години.
Карлсон претпоставува дека тие гласачки ливчиња може да бидат испратени до починати луѓе, добиени, а потоа уфрлени во гласачките кутии од некој друг.
Сите големи американски медиуми го прогласија демократот Џо Бајден за избран претседател на изборите на 3 ноември. Сепак, Трамп одби да признае пораз и поднесе тужби во клучните држави, тврдејќи дека постојат нерегуларности во гласањето. Само во државата Мичиген, тимот на Трамп поднесе 131 заверена изјава и 2.800 извештаи за инциденти.
Неодамна, Џорџија се согласи да изврши целосно рачно пребројување на гласачките ливчиња на претседателските избори поради блискоста на резултатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.