Авионот на Путин IL-96-300PU чини 500 милиони долари, а опремен е со напредна технологија која, оваа летечка палата, како што го нарекуваат медиумите, ја прави вистински команден центар во случај на неочекуван напад.
Однадвор изгледа како стандарден патнички авион, иако по димензии е малку поголем, но внатре рускиот претседателски авион е опремен како луксузен хотел.
Распонот на крилата е 65 метри, колку што е и долг. Максималната тежина што може да ја понесе се 270 тони.
Внатрешноста е декорирана во неокласичен стил, со светли бои, со многу кожа и златни детали.
#ANCNEC #SONA2018
4-engined Ilyushin Il-96-300PU Pres jet, Reg RA-96022, call AirForce 1 made U-turn into Russia airspace. #NuclearDeal pic.twitter.com/BRCV0PJRCk— Motho Mothong💭 (@maxwellmothlake) February 6, 2018
Рускиот претседател има флота од четири идентични авиони. Од безбедносни прилини непосредно пред полетувањето се избира со кој авион ќе патува претседателот, но тој податок им е познат на мал број луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.