Европската Унија го продолжи рокот за Брегзит до 31 јануари 2020 година, објави на својот твитер профил претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Како што пренесе британски Гардијан, станува збор за „флексибилно“ продолжување на рокот што значи дека остава простор излегувањето на Британија од Унијата да се случи и пред наведениот рок, ако парламентот во Лондон успее да постигне договор.
Во декларацијата на ЕУ, со која се дополнува договорот, се наведува дека Унијата нема повеќе да седнува на преговарачка маса кога станува збор за договорот за Брегзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.