Фирмите во Москва се должни да отпуштаат вработени кои одбиваат да сецвакцинираат против корона вирусот, соопштија од  Оперативниот штаб за контрола и следење на состојбата со Ковид-19 во главниот град на Русија.

Според штабот, присуството на високо ниво на антитела не е показател да се избегне вакцинација против корона вирусот.

Во моментов не постои докажан метод за мерење на нивото на антитела доволно за да се изгради имунитет кај луѓето, или систем за проценка на ефективноста и стапката на адаптација на антитела кон мутирани соеви на вирусот – се вели во соопштението.

Освен тоа, се препорачува жителите на Москва да се тестираат за антитела пред вакцинација.

Москва нареди задолжителна вакцинација за жителите на градот кои работат во сферата на услуги. Седум други руски градови меѓу кои и Санкт Петербург воведоа слични правила.

Во Москва каде има 12 милиони ѓители, само 1,5 милиона луѓе се вакцинирани. Според најновите анкети, 60 отсто Руси нема да се вакцинираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.