Германската полиција во Хамбург денеска во соработка со државното обвинителство влезе во фармацевтската фирма „Цитосервис“ како и во повеќе ординации на лекари, аптеки, една болница и приватни имоти поради сомневање дека е извршена измама со лекови против рак.

Станува збор за најголем претрес спроведен во Хамбург, а во акцијата учестуваат повеќе од 420 полицајци и шест обвинители, пренесуват германските медиуми.

„Цитосервис“ е водечи произведувач на инфузии кои се користат во терапијата против рак.

Портпаролот на обвинителството изјави дека се води истрага против 14 лица, меѓу кои и тројца аптекари, девет лекари и двајца кои се на водечки позиции во фирмата.

Според германската телевизија АРД, оваа компанија подмитувала лекари.

Во јануари 2017 година одделни лекари од „Цитосервис“ добиле пари во висина од повеќе од пола милион евра, користтеле луксузни возила и други привилегии, а на некои им било купувана опрема за во ординациите. За возврат, „Цитосервис“ барал од лекарите на пацинетите да им препишуваат инфузија од компаниијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.