Финската армија соопшти дека била предупредена дека Иран ќе ги нападне базите со американски војници во Ирак, објави весникот „Илта-Сономат“.
Но, финскиот весник не објави повеќе детали за предупредувањето.
Финските војници во базата Ирбил, која беше мета на нападите биле заштитени во засолниште и не се повредени.
Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност, истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.
Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.