Финската Влада предложи целосно затворање во пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според предлогот, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само поради ограничен број причини, како што е набавка на храна, а кршењето на мерките ќе се казнува.
Заклучувањето, кое би било прво во Финска од почетокот на пандемијата, ќе биде изгласано во парламентот, а треба да го процени Комитетот за уставно право. На почетокот на овој месец, Владата ги затвори ресторани и средните училишта низ целата земја
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.