Финска ќе ги задржи граничните контроли до 14 јуни на сите граници, соопшти денеска холандското Министерство за внатрешни работи.

Одлуката е продолжение на претходното решение на Владата, со кое од 19 март се вршат гранични контроли на внатрешните граници, затворање на некои гранични премини и ограничување на сообраќајот преку надворешните граници.

Од 14 мај, властите во земјата ќе дозволат преминување на границите со другите земји од ЕУ. Дозволено е движење на работната сила, посети на роднини и други „неопходни патувања“. Министерството соопшти дека не препорачува патување за туристички цели..

Внатрешните гранични контроли ќе продолжат да функционираат на копнените граници, на пристаништата и аеродромите во Финска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.