Околу 250.000 долари и злато украле непознати лица од банка во Мумбај. Кражбата ја извршиле преку тунел ископан под банката.

Тие два месеци копале тунел и ископаната земја ја ставале на празна површина во близина на продавница што ја изнајмиле шест месеци порано.

Тајмс од Индија објави дека ограбувачите ископале тунел под банката и така влегле во собата со сефови од каде биле земени парите и златото.

Како што соопшти полицијата, ограбувачите ископале тунел долг 12 метри и еден метар широк. Грабежот за кој се претпоставува дека е изведен во текот на викендот е пријавен од вработените во банката кога во понеделникот дошле на работа.

Полициски извори наведуваат дека крадците пред шест месеци ја изнајмиле продавницата во близина на банката за да го извршат грабежот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.