Бубашваба го полази по рамото претседателот на Филипини Родриго Дутерте додека држи говор пред своие поддржувачи, но тоа не го поколеба, тој само ја оттурна со раката и продолжи.
Жена од неговите служби му притрча на помош да го ослободи од гадинката и за кратко го збуни претседателот, кому не му беше јасно што се случува.
Дутерте не дозволил бубачката да го збyни па изјавил дека тоа е припадник на Либералната партија.
Снимката брзо се рашири низ социјалните мрежи, каде предизвика лавина реакции и потсмев.
Критичарите брзо му одговорија на социјалните мрежи, порачувајќи му на претседателот дека природно е да привлекува лебарки бидејќи е познато дека тие често лазат по ѓубриштето.
Малиот инцидент се случи за време на кампањата по повод општите избори на Филипини, закажани за 13 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.