Фејсбук, како и двете светски познати социјални мрежи, во сопственост на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, се недостапни за голем број на корисници низ целиот свет. „Падот“ на мрежите доаѓа во време кога компанијата е на удар во јавноста за своите безбедносни политики.

Големиот „пад“ на овие три сервиси, се случува брзо по објавувањето на интервјуто со Францес Хауген, поранешна вработена во Фејсбук, на американсата ТВ емисија „60 минути“. Хауген откри дека таа е „свиркачот“ кој во изминатите месеци испрати доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата.

Хауген со име и презиме го обвини Фејсбук дека ги засилувал своите алгоритми за откривање и блокирање на лажни вести под притисок на јавноста, за веднаш штом ќе помине притисокот, да се врати „стариот“ слободен систем на ширење секакви информации во име на раст на мрежата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.