Раководството на компанијата Фејсбук се мешало во работата на социјалната мрежа, давајќи им на политичари привилегирана позиција при објавување, и покрај сопствените правила, пишува „Фајненшл тајмс“ цитирајќи извадоци од истрагата на „Фејсбук Пејперс“ (Facebook Papers) спроведена врз основа на сведочењето на Френсис Хоган, поранешен вработена во компанијата.
Според весникот, раководството на Фејсбук се вмешало во работата на социјалната мрежа, дозволувајќи им на американски политичари и ѕвезди од шоу-бизнисот да објавуваат што сакаат без никакви ограничувања.
Порталот „Verge“ во јуни објави дека менаџментот на Фејсбук планира да го промени пристапот кон модернизирање на комуникациите, откако го ограничи пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп до социјалната мрежа. Компанијата соопшти дека ќе ги укине исклучоците за политичарите.
Весникот „Вол Стрит Џурнал“, откако проучи неколку внатрешни документи на компанијата, во септември објави дека системот за контрола на објавите на социјалната мрежа Фејсбук им овозможува на некои корисници со голема публика да поставуваат материјали што ги прекршуваат правилата на заедницата. Ваквите објави често остануваат незабележани од модераторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.