Федералните резерви на САД (ФеД) укажуваат дека економската активност во земјата во мај и јуни го продолжила растот со умерено темпо, притоа, прогнозите за периодот што следува се позитивни, и покрај некои негативни очекувања во трговијата.
ФеД е всушност Ценралната банка на САД, и наводите за економијата на земјата се објавуваат осум пати годишно во таканаречената „Беж книга“ (Beige book), извадоци од анализи и коментари на 12 регионални федерални банки за економската состојба во земјата.
Од средината на мај до почетокот на јули економската активност во земјата продолжи да се зголемува со умерено темпо… Очекувано е растот да продолжи умерено, и покрај загриженоста за можно негативно влијание во однос на трговската неизвесност. Општо земено, предвидувањата за периодот што следува се позитивни – се вели во документот на ФеД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.