ФБИ oбјави нови снимки на кои се гледа како едно лице поставува импровизирани експлозивни направи пред седиштата на Републиканскиот и Демократскиот национален комитет ноќта пред нападот врз Капитол.

Маскиран човек со качулка на 5 јануари постави две бомби во близина на седиштата на Демократската и Републиканската партија – наведува ФБИ.

На видеото се гледа како тој застанува во еден момент за да ги избрише очилата.

ФБИ бара помош од граѓаните и нуди 100.000 американски долари за повеќе информации за сторителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.