Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од Ковид-19 може да бидат навистина тешки, особено кај младите луѓе.

Младите луѓе, кои инаку се здрави, а се заразени со корона вирус и немаат потреба од хоспитализација, имаат симптоми со недели, а понекогаш и месеци – изјавиФаучи на брифингот на Американското здружение за микробиологија.

Фаучи посочи дека последователните прегледи покажуваат дека многу од младите имаат кардиоваскуларни нарушувања, како и докази за миокардитис и кардиомиопатија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.