Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Антони Фаучи, смета дека состојбата на претседателот Доналд Трамп, кому му беше дијагностициран корона вирус, се уште може да се влоши.

Проблемот е во тоа што болеста е се уште во рана фаза. Не е тајна дека има случаи во клиничката историја кога луѓето повторно се разболуваат (реверзија) по пет до девет дена.Реверзијата значи погрешна насока и проблеми.Ова веројатно нема да се случи, но лекарите на претседателот треба да бидат будни – препорача Фаучи, додавајќи дека според неговата оценка шефот на државата, кој се врати во Белата куќа од медицинскиот центар „Валтер Рид“, изгледа многу добро.

Врвниот специјалист за инфективни болести во САД смета дека е многу веројатно дека на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела. Фаучи појасни дека тој самиот не е запознаен со лекувањето на претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.