Шефот на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, изрази надеж дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе ги повика своите приврзаници да се вакцинираат против Ковид-19.
Фаучи, истовремено нагласи дека воведените ограничувања поради пандемијата не треба да се укинат пред време.
Во анкетата објавена минатата недела, околу половина американски мажи кои се идентификувале како републиканци, изјавиле дека не планираат да примат вакцина против корона вирусот.
Тоа што толку голем дел на одредена група луѓе не сакаат да се вакцинираат само од политички причини, нема апсолутно никаква смисла – истакна Фаучи.
Тој наброи некои од болестите кои исчезнале со вакцинација, како што се малите сипаници.
Во што е проблемот? Ова е вакцина која ќе спаси милиони луѓе – нагласи Фаучи.
Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш, Бил Клинтон и Џими Картер со нивните сопруги ги повикаа граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19, како дел од кампањата чија цел е да се надмине неподготвеноста на граѓаните да се имунизираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.