Протестите во САД кои заземаат се поголем замав, како резултат на случувањата во Минеаполис се организирани од страна на нам добро познати ликови. Како што дознава „Република.рс.

Срѓа Поповиќ, лидерот на движењето „Отпор“ во Србија, кој беше главен идеолог и инструктор на „Шарената револуција“ во Македонија ги предводи протестите против Трамп.

Се користат истите методи како во Македонија, како што е рушење на споменици како и фрлање на боја, како што е случај врз статуата на Колумбо.

Демонстрантите со помош на јажиња ја урнаа бронзената статуа на Колумбо во градот Сент Пол во Минесота. Демонстрантите наведоа дека според нив, Колумбо е симбол на геноцид врз Индијанците. Додадоа дека неколкупати се обиделе да ја отстранат статуата преку политички процес, но не успеале.

Државните патролни војници, со шлемови што го обезбедуваа комплексот Капитол во Минесота, стоеја на оддалеченост, и не се обидоа да ги запрат демонстрантите, кои подоцна го прославија уривањето на статуата пеејќи индијански песни.

Сличен инцидент се случи во Ричмонд, каде демонстрантите ја урнаа статуата на претседателот на Конфедерацијата Џеферсон Дејвис.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.