Вакцините против Ковид-19, развиени од „Фајзер“/ „БиоНТек“ и „АстраЗенека“, генерално се ефикасни против делта и капа варијантите на корона вирусот, што за првпат беа идентификувани во Индија.
Најновото научно истражување на Универзитетот Оксфорд, објавено во списанието „Цел“, било направено со цел да ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината, да ги неутрализираат високоразразните делта и капа варијанти на вирусот.
Нема докази за големо имунолошко вирусно бегство, што сугерира дека сегашната генерација на вакцини обезбедува заштита од вирусните варијанти Б.1.617. Станува зборт за делта и капа варијантите, што за првпат беа идентификувани во Индија – се наведува во истражувањето.
Сепак, научниците предупредуваат дека концентрацијата на неутрализирачки антитела во крвта бла малку помала, што може да доведе до одреден број зарази.
Минатата недела, анализата на англиската Агенција за јавно здравје покажа дека вакцините произведени од „Фајзер“ и „АстраЗенека“ обезбедуваат висока заштита од повеќе од 90 проценти од хоспитализациите од делта варијантата на вирусот.
Делта варијантата станува глобално доминантна варијанта -изјави во петокот главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО).
Научниците од Оксфорд ја анализирале и фреквенцијата на повторна инфекција кај луѓето кои прележале Ковид-19. Ризикот од повторна инфекција со делта варијантата се покажала како особено висок кај лицата заразени со бета и гама варијанти, што потекнуваат од Јужна Африка, односно Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.