Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека нејзината вакцина против Ковид-19покажаува 90,7 отсто ефикасност во клиничките испитувања кај деца на возраст од пет до единаесет години.
Шеснаесет деца кои примиле плацебо се разболеле од Ковид-19, а само три биле вакцинирани, наведува „Фајзер“ во документите доставени до Управата за храна и лекови на САД (ФДА).
Главната цел на истражувањето, во кое учествувал 2.268 деца, не било да се измери ефикасноста, туку да се спореди бројот на антитела кај вакцинираните деца во споредба со возрасните.
Врз основа на овие резултати, „Фајзер“ и „Бионтек“ минатиот месец објавија дека нивната вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај децата.
Експерти на ФДА во вторник треба да се состанат за да одлучат дали да и препорачаат на агенцијата да ги користи вакцините за таа возрасна група. Вакцината „Фајзер/Бионтек“ веќе е одобрена за деца од 12 години и повозрасни.
Околу 190 милиони Американци се целосно вакцинирани, вклучително и 11 милиони на возраст од 12 до 17 години кои примиле „Фајзер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.