Европратеничката Тања Фајон вели дека Франција игра валкана политичка игра и дека кредибилитетот на Европската Унија е поткопан затоа што на Македонија и на Албанија не им беше дадено зелено светло за почеток на пристапни преговори.

Франција игра валкана политичка игра и се плашам дека сите ќе ја платиме цената. Ова е неприфатливо – вели таа.

Фајон вели дека е многу разочарана што Европскиот совет пропуштил уште една можност да покаже дека проширувањето е важно и дека Унијата ги одржува ветувањата.

Европската Унија повторно е заложник на Франција, која не разбира и продолжува да го поткопува интересот на ЕУ за Балканот – коментира Фајон на „Твитер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.