„Фајненшл тајмс“ известува за огромно зголемување на малопродажната побарувачка и бележи профит за американските производители на оружје и муниција. Акциите на производителите растат експоненцијално во текот на летото. Само во јули, забележан е раст од 79 проценти. Некои компании достигнуваат рекордни вредности.
Од компанијата за производство на муниција „Ammo Inc“ велат дека приходите во вториот квартал од оваа година скокнале за 125 отсто, на 9,7 милиони долари. Директорот, Фред Вагенхалс, рече дека поради „исклучителната“ побарувачка на нивните производи, компанијата работи со рекордно заостанување во производството. Нарачките се во вредност од 45 милиони долари.
Оружјето го купуваат комплетно нови клиенти, вели тој, припишувајќи го приливот на нови клиенти на поклопувањето на пандемијата, претстојните избори и загриженоста од „граѓански немири и несигурност“.
Друга компанија, Корпорацијата Сиера, бележи раст на продажбата од 36 проценти во вториот квартал. Оттаму објаснуваат дека зголемувањето на побарувачката за муниција е последица на „социјална и граѓанска несигурност и претстојните американски избори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.