Водачите на Европската Унија утрово постигнаа договор за огромниот фонд за економско заздравување од кризата со коронавирусот, тежок 750 милијарди евра.
Фондот за обнова на ЕУ, кој ќе биде составен од 390 милијарди евра грантови и 360 милијарди евра заеми, ќе биде придружен на новиот седумгодишен буџет од 1.074 билион евра, Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ), за која шефовите на држави и влади исто така постигнаа едногласен договор – со што вкупниот финансиски пакет е 1,82 билион евра.
Договорот беше постигнат во 5,30 часот утрото, со што самитот влезе во петтиот ден и стана еден од најдолгите во историјата на ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го најави договорот со еден збор на твит: „Договор!“ напиша тој.
Говорејќи на прес-конференцијата заедно со Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рече дека е „жално“ што некои области за трошење – како на пример за здравството – се намалени во конечниот договор меѓу лидерите.
Но, таа додаде дека додека ЕУ е обвинувана дека направила „премногу малку, премногу доцна“, ова не важи овој пат. „Преговаравме четири долги денови и ноќи, повеќе од 90 часа, но вредеше“, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.