Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер изјави денеска дека ЕУ во околностите предизвикани од Ковид-19 работи на „принципите на демократијата и дијалог“ за да се дојде до заедничка стратегија за надминување на кризата.
Мамер ги отфрли инсинуациите на одделни службеници, јавноста и медиуми во Европа, кои предупредуваат на можноста за распад на Унијата заради неактивноста на заедничките институции и недостатиг на солидарност меѓу земјите-членки.
-Не знам зошто секогаш ја ставате во прашање ЕУ? ЕУ веќе беше во многу кризи во поновата историја и секогаш победи. Ние работиме да ја надминеме оваа криза врз основа на европските вредности, како демократски земји кои се навикнати да дискутираат и да се спротивстават на мислењата со цел да најдат начини за заедничко дејствување, рече Мамер.
Портпаролот на Европската комисија додаде дека земјите-членки имаат своја визија за излез од кризата и дека дебатите се нормална појава во која било демократија.
-Убеден сум дека ќе излеземе од ова, истакна Мамер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.